„Слога 1934“ го надмудри „Осогово“
ДЕРБИТО НА СОСЕДИТЕ „СЛОГА И ОСОГОВО, ВО ЦЕЛОСТ ГИ ОПРАВДА ОЧЕКУВАЊАТА, БИДЕЈЌИ НА СТАДИОНОТ „ФИЛИП ВТОРИ“ ВО ВИНИЦА БЕШЕ ПРИКАЖАН ИНТЕРЕСЕН И ДО КРАЈ НЕИЗВЕСЕН ФУДБАЛ. НА КРАЈОТ СЛАВЕШЕ ПОИСКУСНАТА ЕКИПА НА СЛОГА, КОЈА ПРЕКУ ПЕНАЛ НА МИТРОВ, СТИГНА ДО ТРИТЕ БОДА.
„Слога 1934“ и Осогово одиграа динамичен, интересен и до крај неизвесен натпревар во рамките на второто коло од Втората фудбалска лига исток, во кој виничани на крајот и се радуваа на победата. Единствениот гол беше постигнат од пенал, што го изведе феноменалниот Митров, над кого и беше направен прекршокот во шеснаесетникот на гостите. Иако главно се играше израмнет натпревар, со периоди на доминација на едните и другите, сепак Слога имаше три четири стопроцентни шанси за гол, а Осогово две, но стрелците немаа свој ден, па мрежите останаа незатресени од игра.
Дека во Слога се се врти околу популарниот Гатузо, зборуваат фактите. На првиот натпревар по негова асистенција беше постигнат голот вреден три бода. Истото се случи и на дуелот против Осогово, кога повторно тој, откако од левокрилна позиција се префрли на десната страна, продре во шеснаесетникот каде изнуди прекршок и доби пенал, кој сигурно го реализираше.
Со новите три бода Слога 1934 сега е со максимален учинок во првите две кола. Осогово претрпе два пораза и ќе мора да се вади на претстојните натпревари, доколку сака да фати приклучок кон средината на табелата.
На другите натпревари, Кит Го – Детонит 4:1, Братство – Беласица 1:1, Каменица Саса – Локомотива тим 1:0, Кожуф – Победа 0:2, и Слога 1934 – Осогово 0:1.