288 нови среднисти во новата учебна година

ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИОТ КАДАР Е СВОЕВИДНА ПОБЕДА НАД ПАНДЕМИЈАТА, БИДЕЈЌИ ИМ ГО ВРАЌА ЖИВОТОТ НА УЧИЛИШТАТА ВО ВИСТИНСКА СМИСЛА. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ НАПРАВИ ОБИКОЛКА НА ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА. ГОДИНАВА ВО ДВЕТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА НАСТАВАТА ЌЕ ЈА СЛЕДАТ 1217 УЧЕНИЦИ, ОД КОИ 288 УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА.

По една ипол година пандемиско образование, без физичко присуство, денеска учениците и просветниот кадар им се вратија на училиштата, создавајќи ја најубавата можна атмосфера за стекнување нови знаења. Возбудата беше присутна кај сите, поради првите средби со школските другарчиња, со наставниците со училишните клупи.

Градоначалникот Николчо Илијев токму од СОУ Љупчо Сантов ја започна обиколката на средните и основните училишта, за да им посака среќа и здравје на учениците и наставниот кадар.

Подготвеноста на училиштата за старт на учебната година според пропишаните протоколи е на потребното нивo.                        

Годинава во двете средни училишта во Кочани наставата ќе ја следат вкупно 1217 ученици, од кои 288 ученици во прва година.                   

Сподели: