Заѕвони ѕвончето за 2633 основци
НА ПРВОТО УЧИЛИШНО ЅВОНО МУ СЕ ИЗРАДУВАА ПРВАЧИЊАТА, КОИ ДЕНЕСКА ГИ ДОБИЈА КОМПЛЕТИТЕ УЧЕБНИЦИ И ЗАЧЕКОРИЈА ВО УЧИЛИШТАТА КОИ ЌЕ БИДАТ НИВНИ ВТОР ДОМ ВО НАРЕДНИТЕ ДЕВЕТ ГОДИНИ. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈЕВ ВО ОБИКОЛКА НА СИТЕ УЧИЛИШТА, ЗА ДА ИМ ПОСАКА УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА НА УЧЕНИЦИТЕ И НА НАСТАВНИЦИТЕ.
307 ученици од новата генерација првачиња денеска за првпат зачекорија во петте основни училишта во Општина Кочани, во кои во наредните девет години ќе растат низ воспитно-образовниот процес. Среќни и тие и родителите, што можат низ физичко присуство и непосреден контакт со учителките и учителите да се стекнуваат со основните знаења, му се радуваа на првиот училишен ден.
Градоначалникот Илијев ги поздрави и им посака среќа на сите првачиња и на основците од повисоките одделенија, ветувајќи дека општината ќе направи се што е потребно за подобри услови во училиштата и безгрижно растење.
Во текот на денот Илијев ги посети сите основни училишта во општината, посакувајќи им притоа на учениците и на наставниот кадар успешна учебна година.