На 7 и 8 септември– шесто прскање против комарци во Кочанско

На 7 и 8 септември (вторник и среда) во раните утрински часови, на подрачјето на Кочани, стручна екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани ќе го спроведе шестото прскање од земјаза заштита од комарци.

Со превентивната дезинсекција ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на  Кочани и  низинските села  што припаѓаат  на територијата на  Општина  Кочани.

За третманите против комарците ќе се користат широкоспектарни инсектициди одобрени од Бирото за лекови.

Пчеларите треба да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

Во случај на ветар, дожд и други неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за следен поволен период.

Сподели: