ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани: Криминали во ПИОМ
Срамота е идејата што сакате да ја спроведите на сопствениот народ, од вашите амбиции за власт, моќ, криминал, заборавивте на обичниот народ.
Најавивте пензиска реформа која ќе го стабилизира фондот, да така е , фондот за пензиско и инвалидско осигурување во нашата Општина е стабилизиран.
Затоа што, едноставно не работи! Срамно е неговото функционирање, новите баратели за пензија неможат да си ги остварат своите права за пензија веќе три месеци бидејќи директорката е на одмор а потоа, заминување во пензија… и нема овластено лице за потпис!? Дали помисливте како овие луѓе го преживуваат месецот. Но сепак има овластено лице за потпис да ви издаде преглед на регистрирани податоци и тоа – лице кое се води во бирото за вработување под шифраа 200, тоа значи активен барател на работа. Дури не знаеме ни со кој епитет да го нагласиме ваквото работење, реформа сигурно не е.
Но, знаеме дека на новите вработувања во месец јули оваа година во фондот за пензиско осигурување да им дадеме епитет на партиски вработувања.Нововработените доаѓаат на работа без да се евидентираат, без прием и потпис од овластено лице за работа, а и самите незнаат на која позиција се вработени, освен дека видни луѓе ги имаат вработено. Тие ги имаат шифрите за влегување во програми за лични податоци на граѓаните во општината, под туѓо име…
Кон што не води оваа неодредена состојба во ПИОМ?
Каде се трудовите инспектори?
Каде е УЈП?
Каде се контролите?
Каде, на крајот на краиштата е т.н. непартиски градоначалник кој не е ,,запознаен” со случувањата и криминалите во ПИОМ?
Сето ова води кон една срамна предизборна кампања.
Срамно е луѓето кои цел живот работеле да останат без леб со месеци.
Кристина Атанасова Арсова – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани