Кочанчанец се однесувал агресивно кон полицијата

На 26.09.2020 околу 00.00 часот на магистралниот пат Штип – Велес, во близина на „Три чешми“, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.Н.(42) од Кочани, поради тоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели: