26.09.2020: 5 НОВОЗАБОЛЕНИ И 5 ОЗДРАВЕНИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-8, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-2.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-5, Дебар-1, Штип-6, Прилеп-5, Тетово-8, Струга-3, Велес-5, Битола-7, Гостивар-4, Гевгелија-5, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Кочани-5, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-6. Во болнички услови е починат пациент од Скопје на 79 годишна возраст. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.483, бројката на оздравени пациенти е 14.516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.245“, наведено е во соопштението.

Направените 1.559 теста, се вели во соопштението, се преку: ИЈЗ-337, ЦЈЗ Скопје-74, Авицена-320,  Биотек-122, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори)-157, Систина со PCR метода -174, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-128, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-19, лаборатории од странство-0.

„Досега во земјата се направени вкупно 184.097 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 166, позитивни и сомнителни на ковид-19“, се вели во соопштението.

Сподели: