За „Осогово„ и „Слога“ по три бода
ОСОГОВО ЈА ПОСТИГНА ПРВАТА ПОБЕДА ВО ПРВЕНСТВОТО, ОД 2:0, ПРОТИВ БРАТСТВО 07, А „СЛОГА 1934“ ОСВОИ ТРИ БОДА НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ТИМ ЛОКОМОТИВА, И Е ЕДИНСТВЕНА ЕКИПА СО МАКСИМАЛЕН УЧИНОК ВО ПРВИТЕ ТРИ КОЛА. ВО НАРЕДНТО КОЛО КОЧАНЦИ ЈА ПРЕЧЕКУВААТ ТИМ ЛОКОМОТИВА, А ВИНИЧАНИ ПОБЕДА ОД ПРИЛЕП.
Успешен викенд за второлигашите Осогово и Слога 1934, кои во рамките на третото коло ги освоија бодовите, прикажувајќи добар фудбал. Осогово стигна до првата победа во новото првенство, против солидната екипа на Братство 07 од Житоше, со резултат 2:0, полувреме 1:0. Кочанчани одиграа сигурно и дисциплинирано, не дозволувајќи му на противникот да приреди било какво изненадување.
Слога 1934 е најпријатното изненадување на стартот на првенството меѓу второлигашите на Истокот, бидејќи по двете победи на свој терен, стигна до победа и на гостувањето против Локомотива, со резултат 2:1. Со новите три бода виничани го запоседнаа врвот на табелата и се единствена екипа со максимален учинок.
Еве ги Резултатите од 3-тото коло: „Победа“ – „Каменица Саса“ 1:1, „Беласица“ – „Кит Го“ 3:1, „Детонит“ – „Кожуф“ 0:0, „Осогово“ – „Братство“ 2:0 и „Локомотива“ – „Слога 1934“ 1:2
Прва на табелата е „Слога 1934“ со 9 бода, пред екипите на „Беласица“, „Каменица Саса“ и „Победа“ со по 7, „Кожуф“ има 4, „Кит Го“ и „Осогово“ по 3 бода, „Братство 07“ и „Детонит“ по 1 и „Локомотива“ без бодови.
Во 4-то коло „Осогово“ ја пречекува екипата на „Локомотива“, а Слога 1934 ќе ја угости прилепска Победа.