Апел за помош на Наташа Стефанова од Кочани

27 годишната Наташа Стефанова од Кочани, мајка на две малолетни деца, има потреба од финансиска помош за да оди во Турција на операција на мозокот, вадење на тумор во мозокот, болест со која се соочува скоро две години. Лекарите од Македонија на два наврати пробале со операција да и го извадат туморот но не успеле во целост поради специфичноста на местото на туморот и сериозноста на последиците. Затоа ја праќаат на трета операција во Истанбул, Турција каде што имаат пософистицирана опрема за такви оперативни зафати.
Во меѓувреме туморот во голем процент и ги оштетил очите но, и прави и други проблеми поради што не смее Наташа да чека премногу. Операцијата во Истанбул е закажана за две недели за што се потребни 23 илјади евра. Дел од финансиските средства покрива Фондот а дел треба да ги даде семејството. Операцијата е закажана за две недели, така што Стефанова ги замолува сите хумани граѓани да и помогнат и да донираат на жиро сметката за да може да замине на операција.

Хуманите граѓани може да донираат на жиро сметката во Тутунска банка со број

Сподели: