Соопштение од ОО на СДСМ Кочани

Драги наши сограѓани, другари и борци против режим и криминал,

Последните неколку денови од центарот на ВМРО се пласираат лаги, невистини и клевети за нашата советничка д-р Душанка Горгиева-Трпевски.

Со целосна одговорност стоиме позади интегритетот на нашата сограѓанка.
Нападите и клеветите преминуват во лична освета и нарушување на угледот и чесноста на нејзиното потесно семејство.
Воедно, тие секојдневно се изложени на психичка тортура, физичко следење и деградација со лаги и невистини.

Поранешниот градоначалник и сегашен промотор на Папазов, Ратко Димитровски, лично нареди сопругот на советничката да биде притворен и осуден  безправно, спротивно на сите законски права.

Личната освета на Ратко Димитровски према С.Т. отиде дотаму што тој  на брутален начин беше осуден и  избркан  од  работа и на негово место го вработи Кирчо Ефтимов (Рико) сопруг на советничката од ВМРО Јованка Ефтимова.
Како што забележувате, терор, психичка тортура и одмазда датира уште пред 10 години  кога цела држава беше во режим.
За сето ова постојат документи кои што ќе ја докажат криминалната позадина на ДПМНЕ.

Бараме овие лични напади и ниски удари да завршат, во спротивно ќе поднесеме судска постапка за претрпен стрес, лично омаловажување и тортура.

Драги наши Кочанчани, да не дозволиме повторно да дојдат на власт оние кои што со уцени и закани владееја во минатото.
Денес е таа, а утре може да биде било кој од нас.

Да не дозволиме да се врати режимот и да победи најдоброто  за нашата општина.

ОО на СДСМ Кочани

Сподели: