Љупчо Папазов ја презеде градоначалничката функција

Кочани и официјално од денеска доби нов градоначалник. Поранешниот градоначалник Николчо Илијев денеска му ја предаде градоначалничката функција на новоизбраниот градоначалник Љупчо Папазов и му посака многу успех и плодна работа во наредните четири години.

  • На новиот градоначалник на општина Кочани, Љупчо Папазов му го честитам мандадот  и му посакувам добро здравје и успех во новиот мандат. Очекувам неговата програма и заложби за Кочани да ги спроведе на дело и со тоа да придонесе за подобрување на условите за сите граѓани во општината. На новиот градоначалник оставеме повеќе проекти кои се во тек на реализација, одлука на новото раководство е дали ќе ги продолжи или менува, истакна поранешниот градоначалник Николчо Илијев.

Новоизбраниот градоначалникот Љупчо Папазов изјави дека од денеска започнува со работа и реализација на проектотите кои се во неговата програма.

  • Во наредниот период очекувам реализирање на се она што беше предвидено во мојата програма. Реализација на проектите кои се во интерес на граѓаните и кои доаѓаат како нивни идеи. Ќе работиме за реализација понудените проекти и секако она што е оставено  од нашите претходници, проекти кои се навлезени во длабока фаза на реализација да ги довршиме до крај. За останатите треба да ја разгледаме состојбата во општината и приоритетите и да продолжие да работиме

По примопредавањето градоначалникот Љупчо Папазов и Николчо Илијев разговараа за моменталната состојба и проектите кои се во тек во општина Кочани за што Илијев му врали список на започнати и договорени проекти за реализација.

Сподели: