Доделени уверенијата на новиот градоначалник и на новоизбраните советници во Кочани

По завршувањето на вториот круг од Локалните избори и објавувањето на официјалните резултати од ДИК , денеска во Мултикултурниот центар во Кочани , претседателката на ОИК Билјана Димовска Гичова ги врачи увренеијата на новоибраните советници во Советот на општина Кочани и на градоначалникот Љупчо Папазов.

Советот на Општина Кочани брои 19 советници. Во новиот Совет по 8 советници имаат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со коалициите, и по 1 советник од коалицијата ЛДП-ДОМ, партијата Левица и независната листа на Венко Крстевски.

Сподели: