Одржана првата конститутивна седница . Д-р Лазо Митев избран за претседател на Советот
Бурен почеток на Конститутивната седница на Советот на општина Кочани и тензична расправа помеѓу поедини советници од мнозинството и опозицијата, е карактеристика на првите минути на функционирањето на новиот состав. Спротиставените ставови ескалираа околу името на државата, бидејќи советниците од новото мнозинство при потпишувањето ја прецртаа Северна, на што реагираше опозицијата, особено најзовразниот советник-претседавач , Аки Акиов.
За смирување на духовите мораше да биде дадена пауза од десетина минути, по што истата продолжи според дневниот ред. Имено откако беа верификувани мандатите на новиот Совет на Општината и беа избрани комисиите, се премина во изборот на новиот Претседател на Советот.
Со 10 гласа „за„ , еден воздржан и осумте советници од СДСМ и коалицијата,кои не учествуваа во гласањето, за нов претседател на Советот на општина Кочани е избран Лазо Митев од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.