Општина Чешиново-Облешево со долгови од 34 милиони денари

При денешното конституирање на Советот на Општина Чешиново-Облешево, новиот градоначалник Далибор Ангелов се пожали дека наследил сериозно лоша финансиска состојба и долгови кои негативно ќе се одразат врз функционирањето на општината на почетокот од новиот мандатен период. Вкупниот финансиски минус по повеќе основи, според првичните анализи, надминува 34. милиони денари, што е голем износ за мала општина како чешиново-облешевската. Притоа, општинската каса се соочува со проблемот со блокирање на сметката по основ на утужени обврски.

Како што стојат работите, ќе бидат неопходни детални анализи на обврските и правење стратегија за решавање на истите. Поедини биле проблематични, што значи дека ќе треба да се утврдуваат евентуалните пропусти и да се проценуваат последиците. Односно, како што праша еден од советниците, дали се работи за капитални инвестиции од кои граѓаните имаат бенефит, или пак за нереални и проблематични инвестиции кои предизвикуваат долгорочни штети.   

Сподели: