Ќе им го подобри ли животот на граѓаните гранитниот плочник од над 500.000 евра ?

Започнатиот проект за реконструкција и уредување на градскиот парк, кој се наоѓа во еден вид преодна фаза поради трансферот на локалната власт, сеуште предизвикува дилеми во кочанската јавност од неколку аспекти. Од една страна е сериозно високата цена на целиот проект, која неофицијално би можела да се движи околу 800.000 евра, што го наметнува прашањето дали на Кочани, во услови на сеопшта криза, му е неопходна таква скапа и непродуктивна инвестиција. Притоа, само договорот со фирмата за гранитните плочки е тежок над 500.000 евра.

Вториот момент е определбата за гранитни плочки кои се седум-осум пати поскапи од бекатонките, кои би се поставиле на површина од неверојатни 5000 м2. Ако се погледнат гранитните плочки во Трговскиот центар, ќе се види дека тие на многу места се нагрдени од флеки од се и сешто. Прашањето е, ако тие не се, или тешко се одржуваат, тогаш кој и како ќе ги одржува петте илјади квадрати околу Центарот за култура.    

Во услови кога проектот е во поодмината фаза а новиот градоначалник сеуште не може да влезе во Општината, веројатно тешко дека нешто може да се промени, меѓутоа ќе остане за утеха дека Кочани ќе има еден од најголемите гранитни плочници во државата.

Сподели: