Полагањето возачки испит поскапува на 350 евра

Предновогодишна, предпоскапувачка можност им даваат авто школите на граѓаните кои имаат намера да посетуваат автошкола, да полагаат возачки испит и да се стекнат со возачка дозвола. Тие што ќе се пријават до 31.декември, годинава, возачката ќе ги чини 350 евра. По Нова Година цената ќе се зголеми за 30 проценти, односно ќе чини 26.000 денари. Притоа, има авто школи кои веќе ги покачија цените, оправдувајќи го тоа со зголемените трошоци по сите основи.

Покрај цените на часовите кои се обврска за секој кандидат пред полагање на тестовите, неопходно е да се помине обука на полигон и градско возење, автошколите најавуваат поскапување на другите дополнителни услуги.

Во барањето на Здружението на Автошколите на Македонија упатено до Владата се бара да се зголеми цената на 26.000 денари, со што и услугите од оваа дејност се зголемиле во сите авто-школи без исклучок. Цените на тестовите, полигон и полагање на градско возење остануваат непроменети

Сподели: