8 милиони денари од општинскиот буџет наменети за кампањата на Папазов?!

Дали со 8-те милиони исплатени за камати за превоз од 2012 до 2017 година се финансираше кампањата на Градоначалникот Љупчо Папазов!

На втората седница на Советот на Општина Кочани, советниците фатени во магла и непознавање, изгласаа контроверзна одлука со која овозможија на превозникот Авто Атом да му се исплатат 8 милиони денари по основ камата за превоз на ученици за период од 2012 до 2017 година. Можеби сѐ ќе беше нормално и прифатливо за јавноста, доколку овој превоз не се одвиваше по цени 4 до 5 пати повисоки од редовните кога за превоз на релација Кочани-Грдовци се плаќаше по 120 денари.

Несватливо е како доверителот Авто Атом четири години не проба да ги наплати, кога тоа можел да го направи кога и да посака.

Сомнежот е уште поголем затоа што при првичната презентација на ребалансот од страна на раководното лице на општината овие камати не се спомнаа, за подоцна да нѐ убедуваат дека подобро било да ги платиме, отколку да ги вратиме на Министерството за образование.

Ние, денес повторно Ве прашуваме а Вие имате обврска да одговорите на кочанската јавност:

1.    Кој даде налог буџетски да се вметнат 8 милиони денари за исплта на камати за долг за кој никој не зборуваше четири години?

2.    Дали раководителите на институциите кои со своето несовесно работење во периодот од 2012 до 2017 година ќе сносат лична одговорност и ќе ја нодоместат штетата од 8 милиони денари?

3.    Зошто превозникот Авто Атом не ги наплати решенијата преку Извршител во периодот 2017-2021 кога знаеше дека Општината е во одлична финансиска состојба? Дали сопственикот на Авто Атом предизборно се договори и ги врати во игра ненаплатливите и неосновани побарувања за камата?

4.    Дали со овие 8 милиони денари се финансираше дел од прескапата кампањата на Градоначалникот Љупчо Папазов?

Институциите се должни да ги заштитат буџетските средства! Никој нема право средства наменети за инфраструктура и подобрување на условите на учениците да ги пренаменува за камати! Го повикуваме Министерството за образование да се вклучи и да испита како се користат нивните средства

Сподели: