Кочански шпекулации – Илијев дел од новата Влада !???

Додека СДСМ на централно ниво го тресат оставки од функции на долгогодишни истакнати членови, како Радмила Шекеринска и Венко Филипче, во кочански кругови се почесто се зборува дека екс-градоначалникот Николчо Илијев ќе биде дел од новата Влада на Димитар Ковачевски. Наводно за Илијев била резервирана министерската фотеља во Министерството за транспорт и врски, со кое сега раководи штипјанецот Благој Бочварски.

Тоа што во шпекулациите во политичките кругови засега е нелогично, е фактот дека со Владата на заминување заминуваат и негови докажани пријатели, па доколку стане министер, ќе ја нема неопходната политичка поддршка. Зависно дали на функцијата ќе се нафати партиски или надпартиски.

Од друга страна дискутабилна е довербата кај граѓаните по тесно негативниот резултат на неодамнешните локални и градоначалнички избори. Но не е дискутабилна неговата штедливост и максимално рационално користење на буџетските средства, што е реткост во општините, во претежно расипничкото владеење со држава.

Сподели: