Од утре среднистите со физичко присуство во СОУ „Гошо Викентиев“
ОД УТРЕ УЧЕНИЦИТЕ И ПРОСВЕТНИОТ КАДАР СЕ ВРАЌААТ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ВО УЧИЛНИЦИТЕ И КАБИНЕТИТЕ НА ПРВИОТ КАТ НА СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“. ВО ИЗМИНАТИТЕ ДЕСЕТИНА ДЕКА ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАН КРОВОТ, А СЕ САНИРАНИ И ШТЕТИТЕ НА ПРВИОТ КАТ.
Откако на 11 декември дождот наполни со вода повеќе училници и кабинети во СОУ Гошо Викентиев, што предизвика прекин на наставата со физичко присуство на учениците, денеска в.д. директорот Спиро Златков информираше дека првиот кат е оспособен и во него во две смени ќе се организира редовна настава. Практично, во функција се ставени сите расположиви училници и кабинети, кои ќе се користат се до санираше на штетите и оспособување на вториот кат.
Во изминатите десетина дена изведувачот на реконструкцијата на кровот на училишната зграда го дозаврши покривањето, со што е одстранета опасноста од ново навлегување вода од евентуални врнежи.
Што се однесува до штетите и одговорноста, допрва ќе се утврдуваат, откако ќе се изврши комплетен увид на објектот, инсталацијата и опремата во него.
Да потсетиме дека до поплавување на просториите во училиштето дојде откако изведувачот кој го реконструирал кровот, оставил еден дел непокриен, па водата од обилните врнежи од дожд навлезе во неговата внатрешност. Градоначалникот Љупчо Папазов истакна дека е направена целосна ревизија на тендерската постапка и дека истовремено стручни лица извршиле увид на оштетувањата, за што ќе биде подготвен соодветен извештај. Од сето тоа ќе зависи кој ќе ја надомести целокупната штета.