Кочани позагадено од Скопје, кое е четврто во Светот

Со 437 mg/m3, Кочани денеска е најзагаден град во државата. Дури позагаден од Скопје, кој пак се вивна на високото четврто место во Светот. Загаденоста на воздухот, која се гледа и со голо око, а се чувствува со дишењето, според здравствените стручњаци, е мошне штетна за луѓето кои и без тоа имаат проблеми, но и за младите, кои не обрнуваат соодветно внимание и долги периоди остануваат на отворено.

За кочанчани сеуште останува тајна од каде доаѓа загадувањето, бидејќи ниту мерењата, ниту стручњаците кои беа ангажирани не дадоа одговор кои се жариштата и како да се реши проблемот, кој се посериозно го загрозува здравјето на граѓаните. Ситуацијата е парадоксална поради фактот дека рекордно најголемото загадување на Кочани му се случува во неработен ден, недела, кога фирмите се пасивни, односно оџаците не чадат. Тоа би требало да значи дека ПМ честичките доаѓаат од оџаците на граѓаните кои како огрев користат дрва.  

Сподели: