Посета на дежурните служби од страна на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов
Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети дежурните екипи на Полициската станица – Кочани и Територијалната противпожарна единица – Кочани.
Од Полициската станица во Кочани информираат дека новогодишната ноќ поминала без нивни посериозни интервенции и во мирна атмосфера, додека од Територијалната противпожарна единица известија дека во текот на новогодишната ноќ имале една интервенција на запален оџак во Кочани и една интервенција на пожар во помошен објект во с. Теранци, со што се спречило пожарот да се прошири кон куќата. Затоа од ТППЕ-Кочани упатуваат апел и потсетување кон граѓаните за редовно чистење на оџаците и избегнување на електрични инсталации од сомнително потекло.
-Констатираме дека новогодишната ноќ поминала во релативно мирна атмосфера, со многу мал број на интервенции од помал обем. Сметам и очекувам дека релативно добрата состојба ќе не прати и во текот на целата 2022 година и надлежните служби ќе имаат помалку работа од оперативен карактер, повеќе да бидат од превентивна и мобилна функција во услуга на граѓаните – истакна градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.