Градоначалникот Папазов го посети новороденото бебе на Гинекологија
Првото бебе во Кочани се роди попладнево на Акушерското одделение при општа болница со проширена дејност Кочани. На свет го донесе мајката Ивана Тасова. Породувањето го изврши гинеколот др. Илчо Атанасовски и истото помина без проблеми.
Инаку на Акушерското одделение во Кочани во 2021 година се родиле повеќе новороденчиња во споредба со 2020 година, информираше специјалист гинеколог Др. Фонзи Јуруков.
- Ноќеска се роди првиот жител на Кочани во 2022 година. Тоа е здраво женско бебе тешко 3400 грама. Породувањето помина без проблеми.
- Инаку во споредба со 2020 година, 2021 на Акушерското одделение се родени повеќе бебиња, а се надеваме дека оваа година ќе ни биде плодна и бериќетна.
Денеска градоначалникот Љупчо Папазов традиционално како и секоја година го посети новороденото бебе и мајката и од општина Кочани и подарија подароци и им посака здравје и среќа.