Шок „бомба“ за ловџиите

Како гром од ведро небо грмна веста за забрана на ловот и одстрел на дива свиња за ловците членови на Ловечкото здружение „Каменица Саса“ со седиште во Македонска Каменица, но кое има концесии во повеќе општини на истокот. Забраната е во сила од 7-ми јануари годинава, а мерката е последица на појавата на болеста Свинска чума кај свињи на приватен одгледувач во селото Драмче, делчевско. Такво соопштение здружението го лиферувало до своите членови, а се однесува на целосна забрана, односно прекин на ловот на секаков вид дивеч.

Соопштението наиде на негативни реакции на социјалните мрежи, при што главно се коментира дека не е логично да се забрани ловот, што би довело до поголемо размножување на овој вид дивеч, а тоа значи и побрзо ширење на болеста. Особено поради фактот дека кога за првпат во државава се слушна за Свинската чума, државата најавуваше повеќе ловни денови, дури и ангажирање на војската за намалување на популацијата на свињите.

Сподели: