Сириски мигранти фатени кај Чешиново

Полициски службеници од Полициската станица Кочани на 19.јануари, во 23,30 часот, на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на бензиската пумпа кај селото Чешиново, откриле и привеле пет мигранти од Сирија. Мигрантите по спроведена службена постапка се предадени во Прифатно-транзитниот центар ,,Винојуг“ Гевгелија за понатамошна истрага

Покрај овој случај, во едно од зрновските населени места, пред неколку месеци биле забележани неколкумина мигранти кои купувале намирници во продавница и заминувале во непознат правец. Се претпоставува дека се криеле во подножјето на Плачковица, чекајќи погоден момент да заминат кон западноевропскитез земји. Појавата на мигранти во овој дел на државата наведува на претпоставка дека се отвораат нови маршрути на патот кон развиениот свет.

Сподели: