4 новозаразени и 4 оздравени пациенти од Кочани се регистрирани во изминатите 24 часа

Денеска во Кочани се регистрирани четири нови случаи на заразени со КОВИД 19 , информираа од Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје регистрираше и четири оздравени пациенти. Во моментот бројот на активни пациенти во Кочани е 152 лица заразени со КОВИД 19.

Во последните 24 часа на ниво на држава се направени 1372 тестирања , а регистрирани се 112 нови случаи.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248. 

Сподели: