Целната група е „ЗА“ новата локација

Јавната трибина за урбанистичиот уредување на дел од Градска четврт 5, што се одржа вечерва, во Мултикултурниот центар во Кочани, привлече големо внимание кај жителите од овој дел на градот, посебно на станарите во старата касарна. Разочарани од досегашното предолго одолговлекување на реализацијата на проектот кој треба да им го реши станбеното прашање и да им овозможи пристојни услови за живот, тие аплаудираа и одобруваа секоја конструктивна и поддржувачка дискусија. Истовремено и самите дадоа позитивно мислење во врска со предложената нова локација за изградба на објекти за домување.

Изјава …

Стручните служби од урбанистичкиот сектор во локалната самоуправа им ја презентираа на присутните новата локација која се наоѓа непосредно до Филтер станицата покрај патот кон Осоговските Планини, вклучително и содржините кои овде ќе обезбедат квалитетни услови за живот.

Сподели: