Градоначалникот на Кочани ,Љупчо Папазов даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена

Градоначалникот Љупчо Папазов денеска во Мултикултурниот центар во Кочани даде отчет за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата градоначалник.

Во деталниот осврт за изминатите 100 дена, Папазов ги истакна капиталните проекти кои се реализираат и се од интерес на граѓаните, во делот на инфраструктурата и комуналните работи, еколошки и младински активности и  остварени меѓународни соработки.

Како еден од позначајните проекти тој ги истакна замената на главниот потисен цевковод, реконструкцијата на улицата „Роза Петрова“ со изградба на нови тротоари и паркиралиште, како и почетокот на изградба на канализациона мрежа во селото Тркање, потоа продожувањето на градежните работи на улицата „Стево Теодосиевски“ со поставување на атмосферска канализација и активности за доизградба на булеварот. а ги истакна и приоритетите за оваа година меѓу кои, изградбата на објекти за домување на незгрижени лица, активности за изградба на Стречки дом, изработка на проект за реконструкција на месноста Локубија со парковско решение, нов јужен влез на Кочани, изградба на препумпна станица за квалитетно водоснабдување и реконструкција на покриениот дел на Градскиот пазар и други.

Сподели: