Обвинувања, барања за извинувања, закани со тужби …

Коментирајќи еден пропуст во Записникот од шестата седица на Советот на Општина Кочани, советникот Венко Крстевски побара јавно извинување на говорницата во советот, од неговиот колега Васко Алексов за навреда искажана на истата и притоа се закани дека ќе преземе правни мерки заради фактот дека е наврушен неговиот авторитет.

Веднаш по него извинување побара и советничката Жаклина Свеќаровска Филипова, на непримерните префрлувања и коментари на опозициската советничка Ивана Максимова, која пак на говорницата рече дека очекувала нешто друго. И така во круг..

На темата култура на говор и дискусии на говорницата во Советот на Општина Кочани зборуваше Кристина Атанасова Арсова, која апелираше дел од советниците да не ја злоупотребуваат и да не собираа политички  поени, за сметка на коректните и поумерените советници и да и се вратат на конструктивните дискусии при застапувањето на граѓаните. На тоа неколку советници ја напуштија салата, за по завршување на говорот, пак да се вфратат.

Сподели: