Практична обука на Доброволното противпожарно друштво
Доброволното противпожарно друштво кое дејствува како поддршка на професионалната Територијална противпожарна единица Кочани, денеска го помина практичниот дел од обуката за да се стекнат со потребните сертификати. Практичната обука беше изведена на месноста викана Пресечена Скала.
Раководителот на центарот за обука на дирекција за заштита и спасување, Рамадан Асани, истакна дека теоретскиот дел бил завршен онлајн, а денеска преку практичниот дел ќе бидат прикажани нагледнитe средства со кои се гасат шумските пожари.
– Со полагањето на практичната вежба од страна на Доброволното противпожарно друштво и стекнувањето со сертификат, ќе се потпише Меморандумот за соработка меѓу Доброволното противпожарно друштво и Општина Кочани, со што доброволците ќе влезат во програмите кои се финансирани од Буџетот на Општина Кочани за 2022 година, а пред се ќе бидат оперативно и превентивно вклучени како друштво во реализацијата на сите активности во делот на противпожарната заштита – истакна градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.