Општина Кочани – лидер во транспарентност во Источниот плански регион

Општина Кочани е лидер во активната транспарентност меѓу општините од Источниот плански регион. Според мерењата извршени од Здружението „ИНИ“, во рамките на проектот „Со професионална администрација до ефикасни и квалитетни услуги на локално ниво“, Кочани е со високи 93 проценти исполнетост на обврските. Исто така, на највисоката позиција во транспарентност кај комуналните претпријатија е кочански „Водовод“, со 67 проценти исполнетост, пред претпријатијата во Берово, Делчево и Зрновци.

Истражувањето на транспарентноста е вршено во текот на 2021 година, врз основа на утврдена методологија и структурирани прашалници за исполнувањето на обврските за активно објавување информации на веб-страниците на локалните самоуправи и на јавните комунални претпријатија. Основа за изработка на прашалниците во истражувањата се законските обврски на институциите за објавување информации од разни сфери што влијаат врз квалитетот на живеење на граѓаните.

На тркалезната маса организирана од Здружението „ИНИ“ беа претстави дел од истражувањата, а со присутните претставници од единиците на локалната самоуправа и на комуналните претпријатија се дискутираше за состојбите во управување со човечки ресурси, транспарентност, отчетност и за дигитализацијата на јавните услуги. 

Сподели: