Асфалирањето на кружниот тек КТ5 на булевар „Тодосија Паунов„ е во завршна фаза

По вчерашното започнување на земјено-градежните работи и асфалтирање на кружниот тек КТ5 на булевар „Тодосија Паунов“, поставен e првиот слој асфалтна база, додека во текот на денешниот ден се поставува вториот слој.

Се предвидува работните активности да завршат во текот на утрешниот ден, при што во следните денови ќе се работи на доуредување на тротоарските површини и уредување на зелените површни на кружниот тек од страна на КЈП „Водовод“ – Кочани.

Сподели: