На првата „Rotary run„трката во Кочани учествуваа над 200 учесници од повеке градови во државата

Повеќе од 230 учесници денеска трчаа по улиците на Кочани и беа дел од првата трка Rotary run,која ја организираше Ротари клубот Кочани Виница.

Натпреварувачите трчаа на патека од 5 и 10 километри , движејки се од пред Центарот за култура „Бели Мугри“ од каде на кружна патека низ улиците„Кеј на револуција“, „Борис Трајковски“, „Гоце Делчев“ и дел од „Маршал Тито“ .

Од Ротари клубот велат дека оваа трка ке прерасне во традиционална и ќе се организира секоја година.

Секој учесник на трката доби медал за учество, додека победниците во трите категории плакета. Најдобрите тројца натпреварувачи на трката 10 километри во машка и женска конкуренција добија по 6000, 3000 и 2000 денари за освоено место.

Средствата собрани од котизацијата за учество ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Сподели: