Детска радост и смеа по повод денот на шегата 1 април

Принцези, херои од цраните филмови, доктори и што ли уште не . Ваква беше атмосферата денеска во сите основни училишта во општината и во детската градинка Павлина Велјанова од каде се слушаше само детска смеа и песна, а причина беше денот на шегата 1 април. Во ДГ Павлина Велјанова дечињата преправени во групни маски играа и пееја во дворот и продефилираа низ улиците во градот.

Поради тоа што и годинава изостана организирањето на централна манифестација во Градскиот парк, училиштата организираа свои посебни приредби во рамки на своите институции.

Сподели: