Девојка од с.Жиганци тешко повредена откако со автомобилот излетала од патот
На 10.04.2022 во 13.50 часот во СВР Штип, од Клиничката болница во Штип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.П.(22) од с.Жиганци, кочанско.
Според пријавеното, таа се здобила со повредите околу 12.30 часот на регионалниот пат во с.Жиганци кога со возилото „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, излетала од патот, велат од МВР