ОУ „Малина Попиванова„ реализираше активности од проектот „Цели за одржлив равој за ученици„ финансиран од Еразмус + програмата

Проектот “Цели за одржлив развој за ученици” е проект во рамки на Еразмус+ програмата под кооординаторство на ООУ “Малина Попиванова” од Кочани. Од 11-13.04.2022 год.  учесниците од ООУ “Малина Попиванова” заедно со  учениците од невладината организација “Еко Логик”- Скопје и основното училиште “Дубовац”- Карловац, Хрватска беа во посета на ОУ “Кирил Христов”- Стара Загора, Бугарија.

Причина за посетата беше одржувањето на вториот транснационален состанок. На состанокот учесниците ја дискутираа досегашната состојба на проектните активности како и превземањето на следните работни чекори. Домакините од ОУ “Кирил Христов”- Стара Загора, Бугарија се погрижија да ги запознаат гостите и со културно-историските знаменитости во градот.

Како дел од претставувањето беше и посета на Регионалниот Историски Музеј на Стара Загора каде што директорот на музејот Петар Калчев ги пречека гостите и ги запозна со богатата историја на Старозагорскиот регион. Гостите имаа можност да облечат традиционални носии и да се прошетат по главната улица на римскиот град Августа Трајана.

Сподели: