Велигденска честитка од градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов

По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати честитка, во која стои:

„Во пресрет на најголемиот христијански празник – Христовото воскресение, празникот над празниците, дозволете ми да Ви го честитам Вам, на сите православни верници, со желби за добро здравје, мир, разбирање и благодет.Христовото воскресение е темелот на православната вера, празник на надежта и смислата на нашето постоење. Да се радуваме заедно со радоста велигденска и сплотенo да го прославиме со најблиските и семејството.

Сподели: