Основните училишта добија 65 нови таблети за настава

Денеска градоначалникот на Општина Кочани изврши примопредавање на 65 таблети наменети за основните училишта од општината, во присуство на директори и вработени од училиштата.

Распоредот и бројот на наменетите таблети е изготвен од страна на Министерството за образование и наука, согласно претходно доставените барања до МОН од страна на училиштата.

Распределените таблети ќе се користат за реализирање на програмата согласно новата концепција за основно образование, за ученици од ранлива категорија од 4 и 5 одделение, коишто изучуваат дигитални содржини.

Сподели: