Политичари на молитви во Манастирот Добра Вода

МАНАСТИРОТ „ДОБРА ВОДА“, КОЈ БЕЛЕЖИ НАЈДИНАМИЧЕН РАЗВОЈ ВО РЕГИОНОТ, ДЕНЕСКА ГО ПРАЗНУВА ИСТОЧЕН ПЕТОК БАЛАКЛИЈА. ПО ТОЈ ПОВОД РЕКОРДЕН БРОЈ ВЕРНИЦИ ГИ ЗАПОСЕДНАА ДВОРОТ И ОКОЛИНАТА, СОЗДАВАЈЌИ ПРЕУБАВ ПРАЗНИЧЕН АМБИЕНТ. ПРВИОТ ЧОВЕК НА ЦРКОВНИОТ ОДБОР, СТЕФАН СТОИЛКОВ НАЈАВИ НОВИ ЗАФАТИ ЗА ОПРЕМУВАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС.  

Манастирот Добра Вода, кај Оризари денеска го слави православниот христијански празник Источен Петок Балаклија. Од синоќа, на повечеринката до денеска манастирскиот собор го посетига рекордно голем број верници, кои доаѓаат да се замијат со лековитата вода, да запалат свеќа и да се помолат за здравје, среќа и успех, како лична така и семејна. Меѓу обичниот народ на празнувањето му се придружија локални и државни политичари, кои запалија свеќи за здравје и ја вкусија манастирската манџа.

Иако низ годините манастирскиот комплек е во постојан развој, сепак членовите на црковниот одбор иницираат нови содржини за понатамошно опремување и доуредување на неговата околина.

Домаќинот, Стефан Стоилков истакна дека е среќен поради рекордното присуство на верници и најави дека со средства од донатори ќе се гради нова кујна, конаци, зелени површини и пешачки патеки.

И овогодишното празнување го одбележа традиционалниот манастриски ручек за здравје, дел од верниците се фатија на оро на фолклорни инструменти. На манастирскиот собор можеа да се видат луѓе кои одамна работат по европските земји, но се враќаат на вакви и слични празнувања за да се сретнат со роднини и пријатели.

Сподели: