Одигра ли „Каменица Саса“ 0:0 за себе, или за некоја друга екипа !?

Чудно играа и уште почудно се однесуваа фудбалерите на Каменица Саса на дуелот против Слога 1934, на натпреварот во Виница, кој заврши без голови. Со овој резултат му скусија два бода на домаќинот и практично го симнаа од врвот на тебалета. Можеби му ја одзедоа и шампионската титула. Особено, бидејќи прилепска Победа со трите бода против Беласица изби на првото место.

Но што беше нелогично на денешниот натпревар. Борбената игра и надигрувањето во првото полувреме можеби беше сватливо за публиката, но бункерот на каменичани во второто полувреме нема логичко оправдување. На нив бод не им значеше буквално ништо и нејасно е зошто лежеа по тревата, симулираа и провоцираа, со една цел да не загубат. Во тој период на противничкиот гол и не помислуваа, што е уште почудно. Можеше овој натпревар да заврши 2:2, 3:2, 2:3 или со некој друг резултат, и ако беше плод на меѓусебно надигрување, немаше да создаде чувство на горчина кај публиката. Вака остануваат големи сомнежи дека нешто се крои и прекројува во финишот на првенството.

Фудбалската историја памети кога пред речиси пола век тогашна Југоставија играше против Грција, на Караискаки, и кога и требаше победа од два гола разлика, за да обезбедат мајсторка против Шпанија, а грчките фудбалери иако губеа со 3:2, го чуваа тој резултат. За среќа тогаш Караси постигна гол во последните минути. Оваа историја е токму за да потсети кога некоја екипа не игра за себе, туку за некој друг, што е поразително за ферплејот и за фудбалот.  Поради тов навивачите на Слога веднаш по натпреварот беа гневни и лути, коментирајќи дека гостите играле и одиграле за некоја друга екипа која се бори за врвот на табелата.  

Сподели: