Ново детско игралиште во градинката „Ѕвездички„ во Облешево

Градоначалникот на општина Чешиново – Облешево, Далибор Ангелов денеска го потпиша договорот за примопредавање на донација – Инклузивно детско игралиште со реквизити и опрема поставено во општинската детска градинка Ѕвездички-клон Кокиче.

Игралиштето е опремено со дрвена куќичка со скала, лулашки, двојна клацкалка изработени од дрво, лулашки со седишта и други реквизити.

Изградбата на овој парк се реализираше во рамки на проектот за социо-економско зајакнување на лица со попреченост од руралните средини „ From Disability to FoodAbility“ кој се имплементираше со донација од Националната федерација на фармери Скопје, а финансиски поддржан од Шведска организација за развој We effect и Radiohjalpen.

Сподели: