Утре започнува 59 издание на Драмскиот аматерски фетивал во Кочани

Со прес конференција , закажана за утре 23 мај во Градскиот парк во Кочани,започнува 59 издание на Драмскиот аматерски фестивал. По официјалната прес конференција итсиот ден во 20 часот фестивалот свечено ке биде отворен со претставата „Самоубиство во одбрана „ од Алтернативниот театар  „Отпишани„ од Скопје, а веднаш по претставата следува музичка програма со  Light show и DJ Pancho.

Вториот ден од ДАФ  , вторник во 12 часот ке се одржи претставата за деца „Приказна за волшебната шума„ во изведба на театарот од Кавадарци, а во вечерниот термин е претставата „Ништо не е страшно„ од Центарот за изведувачки уметности и едукација од Штип,која ке се одржи во Мултикултурниот центар во Кочани , а во 21 часот во Градскиот парк ке се одржи претставата ТИРАМИСУ од Интимен театар Битола.

Фестивалот оваа година има богата програма , а прогласувањето на наградените претстави е во недела 29 мај.

Конкретно  програмата на ДАФ  можете да ја  погледнете на следниот линк

https://www.facebook.com/DAFkocani/photos/pcb.5040257739399159/5040243606067239

Сподели: