Исчезнато 26 годишно момче

Полициски служненици од ПС Кочани од вчера се по потрага по 26 годишно момче кое исчезнало во близина на десниот магистрален канал кај с.Тркање.

Лицето работело во фирма за поставување фотоволтаични панели , а како исчезнато е пријавено во текот на вчерашниот ден околу 17 часот.

На терен се екипи од ПС Кочани и ТППЕ Кочани како и кучиња трагачи кои го бараат исчезнатото момче. Се бара во близина на населените места Спанчево и Тркање, информираат за актуелности.мк од полициската станица во Кочани.

Со официјални инфомации од полицијата се очекува да излезат во текот на денешниот ден.

Сподели: