Започна исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денес 2 октомври 2020 година (петок) започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец септември 2020 година: Гарантиран детски додаток Посебен додаток за месец 10/2020 ЕПП за новороденче Родителски додаток за трето дете Родителски додаток за четврто дете Образовен додаток – Студирање Гарантирана минимална помош ГМП Постојана парична помош – ретроактивна исплата Туѓа нега Еднократна парична помош Мобилност и слепило Цивилна инвалиднина Социјано домување Социјална сигурност- социјална пензија Азиланти домување Парична помош за згрижувач Паричен надоместок за згрижувачко семејство Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: – 5 октомври (понеделник) –А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; – 6 октомври (вторник) –И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О; – 7 октомври (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денеска – 2 октомври. Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Сподели: