Се асфалтира новата коловозна лента на „Стево Теодосиевски“

Денеска започна асфалтирањето на новата коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“. Во должина од 500 м се поставува првиот асфалтен слој од 8 см, а наредниве денови ќе се нанесе уште еден слој од 5 см.

Градежните работи се одвиваат на потегот од Двојниот мост кон спојот со улицата „Димитар Влахов“, а ќе продолжат кон крстосницата со улицата „Глигор Апостолов-Гочо“, каде веќе е започната градбата на кружниот тек кај Туристичката агенција „Вел-јан“.

Според најавите на стручните служби, завршната фаза на овој проект опфаќа уредување на простор за паркирање од јужната страна на улицата и оформување дрворед што ќе биде зелена линија меѓу спортските школски терени и сообраќајницата.

Со проширувањето на улицата „Стево Теодосиевски“ се очекува значително да се подобри сообраќајниот проток во централното градско подрачје на Кочани.

Сподели: