Општина Кочани ја потпиша Декларацијата за поддршка и развој на женското претприемништво
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов оствари работна средба со тимот на Националната платформа за женско претприемништво, на која ја потпиша Декларацијата за поддршка и развој на женското претприемништво.
На средбата со тимот на Националната платформа, претседателката Валентина Дисоска, координаторката за јакнење на капацитети Емилија Андонова и координаторката од Источниот плански регион Ирена Мирчовска, градоначалникот ја истакна подготвеноста на Општина Кочани да иницира одржување на Форумот за женско претприемништво во овој регион.
На тој начин се очекува во следниот период и на локално и на регионално ниво да му се даде поголем акцент на овој економски сегмент.