ОК на ВМРО – ДПМНЕ со одговор на соопштението ОО на СДСМ Кочани

Почитувани,

Воопшто нема потреба да се одговара на политички субјект кој е одговорен за најголемата изолација на државата во последните три декади и кој освен лични дискредитации, воопшто не работи на конструктивни политики.

Најголемиот театар кој го гледаат граѓаните моментално е оној во надворешната политика.
Таму не сте ни ГЛУМЦИ, но обични статисти.

Криејќи се под плаштот на лажната ,,авангарда” која во овој момент ги крои политиките на она што остана од СДС, Вие сте оние кои ГЛУМАТ жртви, а всушност само пет години ви беа потребни да ја доведете Република Македонија во подредена состојба на потчинетост, сиромаштија и секојдневни задолжувања.
Зар имате лице да се јавувате во јавност со најголемиот скроен Буџет после Втората светска војна?!
Вие и вашиот центар од Скопје кој ве менаџира како најобична маалска продавница сте ,,заслужни” за Буџет од 4.7 милијарди евра!
Иако сте изгубени во преводот, за македонските граѓани оваа авантура ќе значи:
-Повисока инфлација, односно зголемување на цените на сите производи, иако мерките што го превземате се краткорочни и без ефект.
-Зголемени и нови даноци, (акцизата на горивата кога ќе ја ,,чепнете”?!)
-Цената на електричната енергија ќе се зголемува (не го прифативте нашиот предлог во Собрание да се откажете од дел на ДДВ?!)
-ДДВ на прехрамбени производи (и тој предлог не го прифативте, а можеше да биде 0%?!)

Ајде сега да зборуваме за линеарно покачување на плати од 2806 денари во јавниот сектор?!
До кога ќе ги лажете граѓаните?
Ја доведовте државата до една ваква незавидна положба и продолжувате со опструкции,  кочници и блокади на сите градоначалници и директори во локалните самоуправи кои не се од вашата опција!?

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Сподели: