Потпишани договорите со лицата вклучени во програмата Општинско корисна работа

Денеска во просториите на венчалната сала беше остварена средба со којашто од една страна беше означен завршетокот на претходната програма Општинско корисна работа 2021/22 година во која беа вклучени 24 лица, како и отпочнување на новата програма 2022/23 година, исто така со 24 вклучени лица.

Програмата финансиски ја поддржаа УНДП и Швајцарска агенција за развој и соработка, а вклучени соработници се Центарот за социјална работа, Центарот за вработување, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ ОО „Црвен Крст“ Кочани, Здружението на лицата со попреченост и други здруженија.

Придобивките и целта на овој проект се намалување на невработените лица, а со стекнување на обука стануваат конкурентни на пазарот на трудот, додека од друга страна се зголемува социјалната услуга и се подобрува квалитетот на животот на лицата во социјален ризик.

Сподели: