Патот до Бела Река пред асфалтирање
ПРИ ДЕНЕШНАТА ПОСЕТА НА ДЕЛОТ ОД ПАТОТ ОД МЕСНОСТА КРУШКА ДО БЕЛА РЕКА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ДРУГИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОПШТИНАТА УВИДОА ДЕКА ЗЕМЈЕНИТЕ РАБОТИ ПРИВРШУВААТ И ДЕКА СЕ ПРАВАТ ПОСЛЕДНИТЕ ПОДГОТОВКИ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАЈАВИ ДЕКА ОПШТИНАТА ЌЕ АПЛИЦИРА ЗА ПРОБИВАЊЕ И АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАТИШТА ВО ПОВЕЌЕ РЕОНИ НА ОСОГОВИЕТО, ШТО Е ПРЕДУСЛОВ ЗА ПОДИНАМИЧЕН РАЗВОЈ.
Поставен е тампонот и привршуваат другите земјени работи на преостанатиот дел од трасата на патот од Крушка до Бела Река, како завршна подготовка за негово асфалтирање. Денеска стручни лица од Фирмата „Стојменов“ вршеа мерења и планирање на завршните активности. Градоначалникот Љупчо Папазов ја посети трасата со цел да изврши увид до каде се извршени работите
Изјава …
Папазов напомена дека ридско-планинските патишта се одржуваат редовно, од страна на ангажирана фирма, а на прашањето дали ќе продолжи асфалтирањето на патиштата кон населените места по осоговието, одговори:
Изјава …
Овозможувањето непречена комуникација на локалните жители и оние кои гравитираат кон овдешните села и маала е од посебно значење, бидејќи се повеќе се обработува земјата и се развива земјоделието во делот на производството на компири и житарици, овоштарството и пчеларството.