Отуѓени четири градежни парцели за индивидуално домување во Кочани
На електронското јавно наддавање од 36. објава на Општина Кочани за отуѓување градежно земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, се отуѓени четири од понудените 10 градежни парцели со намена за изградба на објекти за индивидуално домување во Кочани.
Градежните парцели се со површина од 294 до 549 квадратни метри, а се отуѓени по цена од 71 до 2000 денари за метар квадратен. Со продажбата на овие парцели во наредниот период ќе се инкасираат 1.402.000 денари од кои 80 проценти ќе влезат во Буџетот на Општина Кочани.
Со 36. објава беа понудени објекти за индивидуално домување на улиците „Иљо Тесларо“, „Пиринска“, „Ѓорче Петров“, „Смилевски конгрес“, „Митко Тодоров“ и „Вера Которка“ во Кочани.