Сиромаштијата на удар на скапотијата
ЦЕНОВНАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО СИТЕ СФЕРИ ЈА ЗАГРОЗУВА ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ, КОИ СЕ ЧУДАТ КАКО СЕГА ДА ПРЕЖИВЕАТ, А НЕ НИ ПОМИСЛУВААТ ШТО МОЖЕ ДА ГИ СНАЈДЕ ПРЕТСТОЈНАТА ЗИМА. ПОМЛАДИТЕ СЕМЕЈСТВА ГИ ОЧЕКУВААТ ИЗДАТОЦИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ. И ПОДГОТВУВАЊЕТО ЗИМНИЦА ПОРАДИ ЗЕЈТИНОТ, ДРВАТА И ДРУГИТЕ ТРОШОЦИ, ЌЕ СТАНЕ ЛУКСУЗ.
Лето е па човек од дворот може да скине домат, пиперка, или јаболка и некое друго овошје за да касне нешто. Што ќе се прави кога ќе зазими и кога за се ќе мора во продавница, каде уште сега со цените е огин и пламен.
Така размислуваат граѓаните кои одвај преживуваат со малите пензии и плати, свесни дека полошото допрва доаѓа. Не помагаат ниту мерки на Владата, ниту ветувања за подобро, кога се гледа а и се осеќа како цените вртоглаво растат, а стандардот е во слободен пад. А допрва доаѓа 1-ви септември, почетокот на учебната година, која изискува големи трошоци за опремување на учениците. Доаѓа есента, кога народот навикнал да спрема зимница. Ама малку семејства ќе се одлучат на тој луксуз, бидејќи зејтинот е ненормално скап, пиперот исто така, а и огревното дрво кое најчесто се користи за приготвување, ем тешко се наоѓа, ем е двојно поскапо.
Анкета …
И бројките на Државниот завод за статистика се застрашувачки. Според нивтрошоцитезаелектричнаенергијанагодишнонивосезголемилезанад 20проценти, а транспортотскокналзадури 24 проценти.
Вртоглавпорастнаценитеимаикајосновнитепрехранбениартикли – лебот, млекото и млечнитепроизводи, коизаеднагодинасезголемиледуриза 24,3проценти. Нагодишнониволебот и житатапоскапелеза 36,5 проценти, месотоза 21,4проценти, масла и мастиза 52проценти, млеко, сирење и јајцаза 24проценти. Ценитенашеќерот, мармаладот, чоколадото и кондиторскитепроизводискокналеза 22проценти, како и накафето, чајот и какаотоза 18проценти.
Поради ваквите состојби, луѓето за да заштедат некој денар постојано бркаат акциски продажби на артикли, чекаат ред пред продавниците за бајат леб и од ден во ден скратуваат по некоја намирница, која редовно ја набавувале.